| |

Празничен настан во БКИЦ – Скопје по повод Божикните и Новогодишните празници

Вчера во галеријата на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје традиционално се одржа свечен настан по повод претстојните Божикни и Новогодишни празници.

Настанот беше отворен од директорката на БКИЦ – Скопје, Антонија Велева, која ја претстави изложбата „Да биде светлина“. Изложбата е реализирана од здружението Spiritual Mirror Association (Здружение „Духовно огледало“) и Детскиот арт-центар „ВИДИМА“ од Севлиево и опфаќа 43 икони и иконостас. Делата се создадени со учество на три креативни школи и деца од различни возрасни групи.

Во рамките на празничната програма настапија и ученици од бугарското училиште БНУ „Здравей“ – Академија за иновативно образование, кои претставија бугарски божиќни обичаи и традиции.

Кулминација на вечерта беше појавата на Дедо Мраз, кој ги израдува децата со подароци обезбедени со поддршка на Амбасадата на Бугарија во Скопје и придонесе за создавање празнична атмосфера.

БКИЦ – Скопје изрази благодарност до Амбасадата за поддршката, како и посебна благодарност до амбасадорот Желјазко Радуков за неговиот ангажман во улогата на Дедо Мраз, со што празникот за децата беше исполнет со радост и топлина.



Слични Објави