ПРЕКУ Wi-Fi СИГНАЛ ЌЕ НАОЃААТ БОМБИ И ЕКСПЛОЗИВ НА АЕРОДРОМ

Забава Истакнато Магазин Разно Свет

Група научници од универзитетите Пердју, Бингемтон и Ратхер развија метод за откривање на експлозивни материи и хемиски супстанци на јавни места со помош на јавни Wi-Fi мрежи.

Јавните Wi-Fi мрежи можат да помогнат во обезбедување на јавните места. Група истражувачи од три американски високообразовни институции развија метод кој овозможува откривање на експлозивни и хемиски материи на јавните места, вклучувајќи го и багажот на патниците на аеродромите.

За системот создадена од научниците потребен е само Wi-Fi-роутер. Притоа, системот не само што ги открива експлозивните и хемиските супстанции, туку ја утврдува и нивна структура и го предвидува степенот на ризик што тие го носат. По првичните тестирања, системот ги определил експолозвните материи со точност од 99%. Составот на опасната „стока” пак е дефиниран во 97% од случаите.

Сега научниците работат на заштита на системот од пробивање и спроведуваат тестирања. Повеќе детли може да се најдат во прилогот:  Towards In-baggage Suspicious Object Detection Using Commodity WiFi на сајтот на Ратхеровскиот универзитет.