ЕГИПЕТСКИТЕ МУМИИ ПОСТАРИ И ОД ФАРАОНИТЕ

Забава Истакнато Култура Магазин Разно

Научници од Канда утвдија дека технологијата на балсамирање на телата, древните Египќани ја развиле една и пол илјади година порано од колку се сметаше до сега. Ова е објавено во списанието Journal of Archeological Science.

Истражувачите изучувале мумија на човек, кој живеел во Средниот Египет околу пред 5,6 илјади години. Како резултат на тоа, откриено е дека за балсамирање на телото се користела истата смеса и начин, како и по 1.500 години, кога мумификацијата станала широко применета.

За да го докажат ова, научниците прво успеале да ја обноват ДНК-та на две древни египетски мумии, кои биле пронајдени во почетокот на XX век, поточно во 1901 година, а не се реставрирале како другите примероци. Утврдено е дека примерокот бил на возраст од 20 до 30 години во моментот на смрт и живеел до епохата на фараоните.