| |

Претседателката Сиљановска-Давкова изрази сочувство и понуди помош за настраданите од поплавите во Бугарија

Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, изрази искрено сочувство до Бугарија поради жртвите и штетите предизвикани од поплавите што ја зафатија земјата јавува БГНЕС.

Во телефонски разговор со бугарскиот претседател Румен Радев, Сиљновска-Давкова понудила поддршка и подготвеност на Северна Македонија да помогне во справувањето со последиците од природната непогода.

„Благодарам на претседателката Гордана Сиљановска за конструктивниот телефонски разговор и за изразеното сочувство за жртвите при поплавите во Бугарија, како и за изразената подготвеност Северна Македонија да помогне во надминувањето на последиците од катастрофата,“ напиша Радев на својот официјален профил.



Слични Објави