ПРЕТСТАВАТА „ТОБИ“ НА ОХРИДСКО ЛЕТО
Во рамките на драмскиот дел на фестивалот „Охридско лето“ на 26 јули во Центарот за култура “Григор Прличев” – Охрид ќе биде прикажана претставата „Тоби“, во изведба на актерите од Театарот за деца и младинци …
Претставата „Тоби“ која е специфична бајка длабоко мотивирана од чисти хумани сфаќања, е во режија на Драгослав Тодоровиќ.
Креацијата на кукли, сценографијата и костимите се дело на Ирина Сомборац, изработка на кукли: Кирил Василев и Ирина Сомборац, додека костимите се на Љубица Велкова. Улогите ги толкуваат: Марија Ѓорѓијоска, Катарина Илиевска–Силјановска, Винета Дамческа–Мојаноска, Ана Левајковиќ–Бошков, Мики Анчевски.