| |

Претставници на КИЦ „Босилеград“ ќе учествуваат на одбележувањето на „104 години од Њојскиот диктат“ во Софија

Во Домот на културата „Красно село“ во Софија денеска, 27 ноември, во 18 часот ќе се одржи протестен собир под наслов: „104 години од Њојскиот диктат“. Тоа е дел од комеморациите на 104-годишнината од потпишувањето на Договорот од Њој, јавува БТА.

На протестната средба ќе бидат прикажани дел од културните производи (книги, изложби) кои годинава беа „забранети“ на кои не им беше дозволен влез во Србија и со тоа пропаднаа дел од годишните културни настани на бугарските организации во Босилеград.

Утрешниот настан го организираат Граѓанскиот комитет „Западни пoкраини“, КИЦ „Босилеград“ и Дирекцијата „Култура“ на општина Софија.

Младинската организација на ВМРО по повод годишнините од Договорот од Њој организира поворка „Бугарски марш“, која традиционално започнува од Војничкиот лав на НДК и продолжува до Споменикот на непознатиот воин.

„Бугарски марш“ е сенароден марш кој долги години се одржува низ цела Бугарија, во знак на протест против Њојскиот диктат, кој наметна сурови услови за мир и подели 25 села, ниви, извори, цркви и гробишта.



Слични Објави