ПРИ НАПУШТАЊЕ НА ЗЕМЈАТА ТРЕБА ДА ПОТПИШЕТЕ ИЗЈАВА ДЕКА НЕМА ДА БАРАТЕ ПОМОШ ОД ДРЖАВАТА ПРИ ПРОБЛЕМ ВО СТРАНСТВО

Македонските државјани, кои сакаат да патуваат надвор од Република Македонија ќе можат да го направат тоа со потпишување на соодветна изјава која ја издава МВР на самиот граничен премин. Во изјавата е наведено дека секој граѓанин се обврзува дека нема да бара помош од државата, во случај на проблем во странство.

loading...

При влез во државата, пак, секој граѓанин мора да приложи направен валиден PCR тест, не постар од 72 часа, кој е негативен. По влезот во државата на граничниот премин граѓаните треба да потпишат „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“. Ако граѓаните немаат приложено валиден PCR тест, тогаш задолжителен е државен карантин во траење од 14 дена.


loading...