ПРИЛЕПСКИОТ ТЕАТАР НА ФЕСТИВАЛ ВО БУГАРИЈА

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ утре, на 18 мај, со претствата „Обѕрни се во гневот“, ќе гостува на Фестивалот на малите театарски форми во Враца, еден од најстарите театарски фестивали во Бугариј.

Претставата „Обѕрни се во гневот“ во режија на Кристина Димитрова, работена според делото на Џон Озборн, ја отсликува побуната на младата несфатена повоена генерација, против генерацијата на нивните родители кои го довеле општеството до пропаѓање во морална и финансиска смисла.

Се работи за побуна против светот во којшто владеат материјалните вредности, лицемерието на општеството кон луѓето што се борат за својот напредок а не добиваат ништо, за безволноста, за човечкиот гнев, осаменоста.

Улогите ги толкуваат Димитар Ѓорѓијоски, Катерина Чакмакоска Клинческа, Илија Волчески и Даниела Иваноска, сценографијата и костимите се на Илина Ангеловска, а музиката на Дарија Андовска.

Слични Објави