ПРИТВОРЕН СТОРИТЕЛ НА СЕРИЈА КРАЖБИ ВО АВТОМОБИЛИ ВО ГОСТИВАР

Гостиварецот Б.С. (30) е осомничен дека извршил 27 тешки кражби од кои најголемиот дел во јануари, со провалување во автомобили со кршење на стакла од вратите. Неговиот плен биле вредни предмети кои сопствениците ги оставале во возилата.

Пред два дена полициски службеници извршиле претрес во објект на улица „Јордан Јордановски“ во Гостивар, во кој времено престојувал осомничениот.

Дел од пронајдените предмети им се вратени сопствениците. По приведувањето, нему му е поднесена кривична пријава, а судија на претходна постапка синоќа му определил притвор со траење од осум денови, по што е предаден на издржување на мерката во скопскиот истражен затвор.