|

Приведени двајца Пакистанци што организирале илегално преминување на македонско-грчката граница

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против М. А. (27) и А. Х. (20), двајцата од Пакистан, поради сомнение за сторено кривично дело шверцување мигранти.

Како што информираат од МВР, на 22 декември, по преземенире мерки, на автопатот Куманово – Табановце, во напуштени објекти во кумановското село Горно Којнаре, полициски службеници од Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал пронашле 40 мигранти, од кои 21 лице од Индија, 15 од Сирија, две од Пакистан и по едно лице од Мароко и Турција. Меѓу мигрантите имало и тројца малолетници.

Исто така, при преземањето мерки било утврдено дека М. А. и А. Х., кои биле дел од групата, ја организирале групата и за финансиски надомест на лицата требало да им организираат илегален премин на македонско-грчката граница.

Во текот на денот Пакистанците ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, а другите лица се сместени во прифатен центар.



Слични Објави