Приведени двајца тетовчани на автопатот Тетово-Скопје кај кои е пронајден кокаин

/

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово, синоќа, 10 минути по полноќ, на автопатот Тетово – Скопје, во близина на бензинска пумпа, ги лишиле од слобода Б.И.(38) и Ш.Б.(57).

Полициски службеници на автопатот Тетово – Скопје, во близина на бензинска пумпа, ги лишиле од слобода Б.И.(38) и Ш.Б.(57), двајцата од Тетово, бидејќи кај нив бил пронајден кокаин.



Како што соопштуваат од МВР, по документирање на случајот против нив ќе бидат изготвени поднесоци за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, по чл. 215 од Кривичниот законик.

Претходна статија

Бодрум и Мармарис во пламен, Анкара обвинува – пожарите се подметнати

Следна статија

54 нови случаи на Ковид-19, има едно починато лице

Најново од Вести