Продолжува потрагата по малиот Александар, кој исчезна пред три дена во бугарскиот град Перник
Продолжува потрагата по 12-годишниот Александар кој исчезна пред три дена во Перник, јавува БГНЕС.
Сè уште нема водечка верзија за исчезнувањето на детето со аутизам. Се работи по сите верзии. Во акцијата учествуваат полицајци, спасувачи од Бугарскиот црвен крст и многу доброволци.
Полицијата во Перник утрово соопшти дека постојано ги проверува пријавите што ги добива граѓаните. Севкупно, сигналите се 39 на број, но за жал Александар се уште не е лоциран. Полицијата уверува дека се проверуваат сите снимки од видео надзорот, изграден во Перник.
„Нема рецепт за следење, нема шаблон. Се се проверува и се ќе се утврди“, соопштија од полицијата во Перник. Од таму ги повикаа луѓето да се јават на бројот 112, ако дознаат нешто за случајот, за да не се време. Полицијата соопшти дека добиле повици од луѓе мислат дека имаат „одредени способности“ и кои се спремни да помогнат во потрагата.
Детето се бара низ цела Бугарија. Синоќа во градот пристигна и претседателот Румен Радев за да провери на лице место како тече операцијата.