Проекција на документарниот филм „Природен филм“ и средба со Георги Господинов и Калина Николова ќе се одржат во Париз на 19 ноември
Проекција на документарниот филм „Природен филм“ на режисерката Калина Николова, проследена со разговор со неа и писателот Георги Господинов, ќе се одржи на 19 ноември во 20:00 часот по локално време во киното „Сент Андре дез Ар“ во Париз, Франција. Ова го соопшти Бугарскиот културен институт (БКИ) во Париз на својата страница на Фејсбук, пренесува БТА.
По проекцијата, гледачите ќе имаат можност да се сретнат со Георги Господинов и Калина Николова и да учествуваат во разговор со нив.
Филмската вечер ќе се одржи два дена пред доделувањето на француската книжевна награда „Жан Моне“, која, според информациите на БКИ, Георги Господинов ќе ја прими на 21 ноември во градот Коњак за романот „Градинарот и смртта“.
„Париз го пречекува Георги Господинов во пресрет на уште едно негово европско признание!“, наведоа од културната институција.
Бугарскиот културен институт во Париз ги покани сите заинтересирани да присуствуваат на проекцијата и на средбата со писателот и режисерката што ќе следува по неа.
