ПРОЕКТ „СЛОБОДАР“: ПОДКАСТ ПЕНЗИСКИ СИСТЕМ
Ве покануваме да го слушнете првиот подкаст на „Слободар“ во кој разговараат Стјепан Покупец, Тони Бачваровски и Александар Богоевски.
Главната тема на разговор е пензискиот систем, инспирирана од последните промени на коефициентите на ПИОМ и задолжителното здравствено осигурување.
Исто така, се разменуваат размислувања за: мерката за зголемување на коефициентите, дупката во пензискиот систем, издвојувањата за ПИОМ анализирајќи ги и бројките, предлог решенија за пензискиот систем, праведноста на моменталниот систем на меѓугенерациска солидарност и други.
Повеќе за ставовите изнесени од проектот „Слободар“ можете да разберете од facebook страната „Слободар“.