| |

Проф. д-р Димитров (УНСС): 24-ти Мај е еден суштински, радосен и духовен празник за Бугарите и за сите што го користат словенското писмо

Ректорот на Универзитетот за национално и светско стопанство проф. д-р Димитар Димитров, заедно со претставници на Универзитетот беше дел од прославата по повод 24-ти Мај – Денот на Светите браќа Кирил и Методиј, бугарската азбука, писменост и култура, што се одржа на 22-ри мај (среда) во Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола. Во своето кратко интервју за порталот Трибуна, проф. д-р Димитров го нарече 24-ти Мај еден суштински, радосен и духовен празник за Бугарите и сите што го користат словенското писмо. Професор Димитров им посака на учениците и студентите во Македонија да учат напорно и да имаат светла европска иднина.

Еве што кажа пред порталот Трибуна првиот човек на Универзитетот за национално и светско стопанство од Софија:

Каква е симболиката на празникот 24 маj, имајќи предвид дека, како што кажавте самиот во своето обраќање, годинава се навршуваат 104 години од постоењето на УНСС, а сега за празникот се наоѓате во Битола, Република Северна Македонија?

Бидејќи целиот свој живот сум бил посветен на образованието, овој празник го сметам за суштински и радосен за сите Бугари и Словени кои го користат писмото на Светите браќа Кирил и Методиј. Тоа им носи големо задоволство на сите, во овој ред спонтаните манифестации како поднесување цвеќиња и самите прослави. Тоа е еден навистина духовен празник за сите оние кои ги користат овие букви за да се образуваат подобро и да напредуваат.

Сите знаеме дека културната дипломатија е во голема корист односите меѓу државиите, дали истото не важи и за образовната дипломатија, во случајот, кога зборуваме за односите меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија?

Се разбира, образованието е многу важен мост меѓу различните народи, луѓето обично се плашат од тоа што е непознато за нив кога ќе видат дека другите не се толку страшни, кога ќе видат дека се како нив , дека споделуваат едни исти вредности и пишуваат на една иста азбука, тогаш тогаш нештата стануваат подобри и попријателски.

Што ќе им посакате и ќе им порачате на младите луѓе во РС Македонија?

Им посакувам на младите луѓе во Република Северна Македонија многу здравје, им препорачувам да се образуваат, бидејќи знаењето отвора многу важни врати кон иднината. На учениците и студентите во Македонија им посакувам една успешна европска иднина.



Слични Објави