| |

Проф. д-р Павлов: Однесувањето на Мицкоски и неговите сопартијци зборува дека тие следаат странски мантри пред се на Белград и Москва

РСМ е последниот резерват на титовистичкиот македонизам. Сведоци сме на еден вид „Парк Јура“. На прв поглед тоа е смешно, но е факт. Вака историчарот проф. Пламен Павлов сликовито ја опиша ситуацијата околу вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав, пренесува Фактор.

„Сведоци сме на уште една апсурдна сцена со дискусија за прашање кое е совршено јасно. Во салата на македонското народно собрание речиси и да нема сомнеж дека во РСМ живеат Бугари. Упорноста на т.н. ВМРО-ДПМНЕ е показател за стравот од вистината и неподготвеноста да тргне по европскиот пат. Однесувањето на Христијан Мицковски и неговите сопартијци зборува за одбивање влез во ЕУ со автономно владеење, следејќи ги странските мантри, особено тие на Москва и Белград“, објаснува научникот во интервју за „Фокус“.

„Според мене, општеството во својата огромна маса е убедено дека РСМ треба да биде во ЕУ. Друго прашање е колку овој театар на апсурдот влијае врз него“, коментира историчарот.

Проф. Павлов е категоричен дека каков и да е резултатот од промените во Уставот, тоа нема да го смени фактот дека во Северна Македонија има Бугари.

Според него, сосема е можно измените да поминат во скопското Собрание. Но, доколку тоа не се случи, „тоа ќе биде груба грешка, криминал на дел од политичката елита кон сопствениот народ и неговата иднина“, убеден е научникот.

„Со загриженост гледаме што се случува, бидејќи она што се случува во Скопје навистина оди подалеку од нормалното политичко однесување“, ја резимира ситуацијата проф. Пламен Павлов.



Слични Објави