Проф. Матанов: Историјата е од клучно значење за секоја црква, вклучително и за Охридска Архиепископија
Груба грешка е црквата да каже дека историјата нема значење. Ова во интервју за БГНЕС го изјави познатиот историчар проф. Христо Матанов, специјалист по средновековна бугарска и балканска историја.
Со него БГНЕС ги коментира последните настани во Македонската православна црква, која се обидува да ја присвои Охридската бугарска архиепископија со тврдењето дека историјата и карактерот на таа црковна институција немаат никакво значење, важна е нејзината моментална состојба.
„Појавите во црквата се конзервативни и бавно се развиваат. Не можете да не знаете од каде сте тргнале и каде одите. Во црковната историја не можеш да кажеш дека оттука натаму црквата е токму она што е, и не е важно каква била пред тоа“, категоричен е угледниот проф. Матанов.
Во однос на тоа дали тврдењата на МПЦ се канонски, тој потсети дека самото создавање на Охридската архиепископија не е сосема канонско, бидејќи таа е создадена од византискиот император Василиј II Бугароубиец по падот на Првото бугарско царство во 1018 година“. Во основа, црквата не може да биде создадена од секуларна власт. Седмото апостолско правило вели дека архиереј кој добива власт од лице кое не припаѓа на свештенството, мора да биде екскомунициран. Не можеме да ја промениме историјата. Како што Јоан Цимисхиј тргнал против Преславска Бугарија во Страсната седмица, кога ништо суштинско не се прави, така и тука имаме одредено нарушување на канонот“, изјави историчарот.
„Кога станува збор за Охридската архиепископија, треба да се знае дека независно од тоа кој седел на Охридскиот престол или до каде се протегала нејзината јурисдикција во историјата, нејзиниот собор секогаш и најмногу го сочинувале македонски верници. И никој друг освен Македонците не го чуваше и зачувуваше споменот за древната Охридска архиепископија како своја црква мајка и никој не се обиде да ја поднови нејзината дејност како Македонците. А имаа шанса! И на крајот кој, ако не македонските епископи и верниот народ во Македонија, се застапија и тука се бореа за нејзино вклучување во единство со другите православни цркви, како и за возобновениот автокефален статус на Охридската архиепископија како Македонска православна црква“, пишуваше во соопштението на Светиот синод на МПЦ.
БГНЕС потсетува дека на крајот од соопштението МПЦ се повикува на Григор Прличев и неговата „Песна за уништувањето на Охридската патријаршија (Песен за унищожението на Охридската патриаршия)“, која е објавена во 1875 година во Белград под името: „Жалосна песна за Бугарскиот народ во Охрид и Струга и за секој Бугарин (Жалостна песна за Български народ в Охрит и Струга и за секой Българин)“. Оваа песна е клучна во борбата против грцизмот во Охрид.
Охридската архиепископија е создадена во годината на покорувањето на Првото бугарско царство и ги опфаќа неговите диецези. Таа исто така е нарекувана и Бугарска Архиепископија, а нејзиниот поглавар – Архиепископ на цела Бугарија. Бугаринот Јоан Дебарски од Бигорскиот манастир е првиот поглавар на Охридската архиепископија.
Императорот Андроник II Палеолог (1281-1328) на нејзиниот препоставен му ја подарил познатата плаштаница, на која е напишано: „Пастиру на Бугарите, сети се на жртвите за владетелот Андроник Палеолог“.
Охридската архиепископија била ликвидирана во 1767 година на инсистирање на Константинополската патријаршија.
