|

Прогласена вонредна состојба на грчкиот остров Родос

Поради пожарите на Родос што предизвикаа огромна материјална штета е прогласена вонредна состојба.

Минатата седмица беше прогласена вонредна состојба во четири општини, додека пак денеска, со одлука на Генералниот секретар за цивилна заштита е одлучено да се прогласи и во останатите шест општини на островот.

Пожарот на Родос и понатаму е активен, а ова е деветти ден како островот се бори со пламените јазици.

Родос поради пожарот го напуштија повеќе од 20.000 странски посетители и локални жители, а пожарникарите се борат со шумските огнови на три фронта.

Вчера со специјални авиони беа вратени околу 3.000 странски туристи кои претходно беа евакуирани од тој остров.

Островот Родос, многу популарна туристичка летна дестинација за странските туристи, обично го посетуваат околу 1,5 милиони луѓе во летните месеци. Грчката економија е во голема мера зависна од туристичкиот сектор, кој сочинува 18 отсто од БДП на земјата.



Слични Објави