|

ЕВН одново со проблеми во Слупчане: екипите се соочуваат со физички напади, како и блокади за влез во селото

Неуспешни се обидите да се направи реконструкција на електродистрибуциската мрежа во Слупчане, а екипите добиваат вербални закани и се цел на физички напади. Ова го тврдат од ЕВН за „Макфакс“ и додаваат дека одново има блокади за влез во селото. Тие додаваат дека ги повлекуваат екипите сѐ додека не се создадат нормални услови за работа.

„Екипите на ‘Електродистрибуција’ се соочуваат со вербални и физички напади од страна на жителите, како и целосни блокади за влез во селото. Сѐ додека не се создадат нормални услови за работа, екипите нема да работат на отстранување дефекти или, пак, да реализираат редовни работни активности во тој регион“, велат од ЕВН за „Макфакс“.

Жителите на улица, болокади и со автомобили

Пред три недели екипа на „Макфакс“ беше во Слупчане, каде што жителите останаа 24 часа без струја и беа гневни. Тврдеа дека не е точно дека не ги пуштаат екипите на ЕВН во селото. Преговараа со компанијата преку министерот за економија Крешник Бектеши, па откога прифатија да се направи модернизација на мрежата, струјата им беше вклучена.

Денеска, одново, според ЕВН, тие спречуваат екипи да влезат во селото. На терен имало и екипи од МВР. Загубите во Слупчане се 80 %, а наплатата е само 20 %.

Слични Објави