Промоција на монографија во штипската библиотека

Во Националната установа Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ – Штип денеска (4 мај) со почеток во 12 часот ќе се одржи свеченост по повод 40 години постоење на новиот модерен објект на Библиотеката …

Во рамките на настанот под наслов „40 години душата на градот 4 мај 1978 – 4 мај 2018“, ќе биде промовирана и монографијата „Хронологија на значајни обележја од развојот на библиотекарството во Македонија“ во издание на Библиотекарското здружение на Македонија (БЗМ).

По промоцијата ќе бидат доделени и наградите од Меѓуопштинскиот литературен награден конкурс за песна и краток расказ.

Новиот објект во кој и денес функционира НУУБ „Гоце Делчев“-Штип, на свечен начин бил предаден во употреба на 4 мај 1978 год. Библиотечниот фонд со кој располага библиотеката изнесува околу 200.000 монографски публикации и над 1300 наслови на периодични и сериски публикации.



Слични Објави