Изложба на карикатури и афоризми од Ленче Стоименова во Кочани

Во фоајето на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани денеска во 19 часот ќе биде отворена изложба на карикатури, насловена како „Серозно најсмешно“ …

Автор на изложбата во чии рамки ќе бидат претставени 28 карикатури е Ленче Стоименова -поет, писател, драматург, афористичар, карикатурист. Изложбата на карикатури ќе биде надополнета и со афоризми од авторката Стоименова.

Настанот е дел од годинешното чествување „50 години НУЦК „Бели мугри“ – Кочани“.



Слични Објави