ПРОТЕСТ: СТОП НА ДЕПОНИЈАТА ВО СЕЛО ДВОРЦИ КИЧЕВСКО
На 16 септември 2018 (недела), со почеток во 10 часот наутро ќе се одржи мирен протест во атарот на село Дворци, Општина Пласница, во близина на нелегалната депонија за отпад до изворот Питран, во исто време ќе се направи блокада на патот од село Пласница до село Лисичани на истиот потег кај депонијата.
На протестот ќе присуствуваат жители од селата Дворци, Лисичани и Пласница со цел да се подигне свеста за опасноста од депонијата по животната средина, по здравјето на жителите во Општина Пласница, како и опасноста од шумски пожар бидејќи скоро секојдневно депонијата гори. Месните заедници на село Дворци и село Лисичани веќе испратија претставка и барање за итна дислокација на депонијата до Општина Пласница и до Министерството за животна средина при Влада на РМ. Жителите го повикуваат градоначалникот на општина Пласница Исмаил Јаоски да застане на нивна страна и да направи се што е во негова моќ дивата депонија да биде исчистена.

