|

Проверките завршија, учениците учеа онлајн – бомбите се лажни

Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училишта во Скопје и Прилеп, соопштија од полицијата по направените проверки во објектите.

Учениците од училиштата во кои стигнаа дојавите за поставени експлозивни направи имаа еден час за да стигнат во своите домови и наставата да ја продолжат онлајн по новата препорака на Министерството за образование.

„Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 21 средно и 11 основни училишта на подрачјето на Скопје и едно основно училиште во Прилеп по добиените пораки на електронските адреси со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, соопшти МВР.

Дојава за бомба имаше и охридскиот суд. По направените проверки, беше констатирано дека и оваа пријава е лажна.

 

 

Слични Објави