| | |

Првиот човек на специјалните сили на бугарската армија пред Трибуна: Бугарија и РС Македонија треба заедно да ја одбележат 80-та годишнина од борбите крај селото Страцин

Наш долг и одговорност е да го почитуваме споменот на нашите предци, кои го имаат поставено почетокот на денешните Специјални сили на Бугарија. Од друга страна самата падобранска единица се борела, а голем дел од нејзините припадници загинале или биле ранети за слободата и на денешна РС Македонија и на други европски земји. Ова специјално за Трибуна го изјави генерал-мајор Јавор Матеев, командант на Здружената команда за специјални операции на бугарската армија.

Генерал-мајор Јавор Матеев, командант на Здружената команда за специјални операции на бугарската армија

Генерал Матеев ја предводеше бугарската делегација на вчерашното свечено одбележување на 79-та годишнина од учеството на бугарската армија во последната етапа на Втората светска војна, крај селото Страцин во североисточниот дел на РС Македонија. Операцијата Страцин-Куманово била офанзивна операција на бугарската војска за време на учеството на Бугарија во Втората светска војна. Се одржала од 8 октомври до 14 ноември 1944 година, а жртвите на бугарската војска во истата биле над 1.000. Падобранскиот одред на Првата бугарска армија, кој учествувал во борбите за освојување на Стражинската позиција на патот кон Скопје, покажала особено херојство.

„Тие го исполниле својот долг и кон Бугарија и кон Европа. Сметам дека не само тие туку и целата Прва бугарска армија во борбата против хитлеристите. Сметам дека заедно Бугари и Македонци треба да се собереме заедно и да го испочитуваме нивниот спомен, бидејќи тие луѓе го дале својот живот за подобра Европа и за денеска да живееме слободно. Тие служеле заедно и одлично се разбирале. Тоа треба да биде пример и не гледам што треба да делиме, историјата е таква каква што е, секој да ја чита како што сака, никој не може на сила да ја чита историјата, но треба да се научиме да живееме заедно“, вели генералот Матеев.

Првиот човек на силите за специјални операции е дециден дека меѓу Бугарија и РС Македонија се потребни мостови и дека тие се толку блиски што реално нема што да делат. Тој повика на заедничко чествување на 80-тата годишнина од борбите крај селото Страцин и порача дека Бугарија и РС Македонија треба да живеат со меѓусебно разбирање

„Да има мостови меѓу нас, бидејќи на крајот од денот сме толку блиски што немаме што да делиме. Да живееме заедно во иднина, и догодина за 80-тата годишнина од овие борби да се собереме заедно и да ги испочитуваме. Тоа е нормално, и Бугари и Македонци. Бугарија и РС Македонија треба да живеат со меѓусебно разбирање“, истакна генерал Матеев.

Бугарскиот воен командат врачи почесни признаници на воени ветерани од Втората светска војна за време на вчерашниот настан, а и самиот тој беше награден со почесен медал од името на Сојузот на воените ветерани на Бугарија.

Слични Објави