|

Пуштен во употреба концептот оне-стоп-шоп на Ќафасан – Ќафтане

Од денеска е пуштен во употреба концептот оне-стоп-шоп на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане со Република Албанија. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека со овој концепт се овозможува побрз проток на граѓаните од двете држави, но и на компаниите што транспортираат производи на овој граничен премин.

„Резултатот на соработката е тоа што сме тука заедно, каде што го означуваме почетокот на работата на двете царниски управи, денес сме пример како треба да се однесуваат две соседни држави, со ова им се олеснува работата на 11.000 компании, кои се занимаваат со извоз, ние не застануваме тука, се работи и на Коридорот 8, нешто што во следните пет години ќе стане реалност, ќе имаме најдобра инфраструктура на Балканот заедно со Италија, Бугарија и Албанија. Коридорот 8 може да добива финансирање од ЕУ и работиме на изградба на железничка пруга меѓу Албанија и Македонија“, рече Ковачевски.

Како што вели тој, зголемена е соработката меѓу двете земји.

„Јас сум еден од оние што повторуваат дека не ни требаат граници, она што следува е и зголемување на службениците на патарините и на границите. Со ‘Отворен Балкан’ 40 отсто е зголемена трговската размена меѓу Албанија и Македонија до сѐ побрзо укинување на границите кога и Македонија и Албанија ќе станат членки на ЕУ“, додаде Ковачевски.

Вицепремиерот Груби рече дека е огромно задоволство да се присуствува на овој настан и изрази огромно благодарност до Владата за овој значаен проект, за соработката меѓу Албанија и Македонија и посочи дека ова е само еден чекор кон надминување на сите пречки меѓу двете земји.

Претходно, беше потпишан протоколот за воведување one-stop-shop на овој граничен премин, со цел спроведување поефикасни и олеснети гранични формалности, односно поквалитетни услуги и побрз проток на стоки и патници.

Слични Објави