|

Земјотрес од 6,2 степени го погоди Токио

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Токио и околните области на источна Јапонија.

Засега, според достапните информации, не е издадено предупредување за цунами.

Земјотресот се случи во делови од префектурите Ибараки и Чиба. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 50 километри од источниот брег на Чиба, објави Кјодо.

Не е забележана штета во нуклеарната централа „Токаи 2“ лоцирана во префектурата Ибараки, североисточно од Токио, соопшти операторот на нуклеарната централа.



Слични Објави