|

Радев ја поздрави новата бугарска еврокомесарка Илијана Иванова

Претседателот на Бугарија Румен Радев ѝ честита на Илијана Иванова за нејзиното именување за комесар за иновации, научни истражувања, култура, образование и млади во Европската комисија. Ова го соопшти прес-службата на шефот на бугарската државата.

Претседателската институција е подготвена за конструктивен дијалог и да ги поддржи клучните политики на вашиот ресор, посочува шефот на државата и го потенцира обезбедувањето можности за развој и примена на врвни научни и иновативни достигнувања во економијата на Бугарија и Европската унија како целина. Претседателот посака успех во остварувањето на приоритетите поставени од Иванова.

БТА потсетува дека денеска Советот на ЕУ соопшти дека ја именува Илијана Иванова за нов еврокомесар од Бугарија. Именувањето следи по оставката на Марија Габриел од функцијата еврокомесар и се однесува за остатокот од мандатот на ЕК до 31 октомври 2024 година.

Минатата недела Иванова беше поддржана од огромно мнозинство во Европскиот парламент, откако успешно ја мина расправата пред две парламентарни комисии.



Слични Објави