Рахим Арнаудов: Зачувувањето на традициите е вистинското богатство за децата од село Долно Дрјаново
„Со голем интерес, училиштето „Христо Ботев“ во село Долно Дрјаново, општина Грмен го пречека тимот на фондацијата „Бугарска памет“. Иницијативата „Успешните луѓе за Бугарија“ беше претставена пред учениците, кои се сретнаа со поранешни успешни воспитаници на училиштето. Д-р Милен Врабевски ги претстави седумте чекори на успехот. Децата поставуваа прашања на свој начин и ги интересираше апсолутно сè“, изјави за Радио Благоевград Рахим Арнаудов – наставник и претседател на здружението „Неврокоп“ кое со години работи со фондацијата на д-р Врабевски.
„Богатството е во зачувувањето на традициите, а токму тоа беа подароците што нашите ученици им ги подарија на гостите – домашно плетени чорапи, сочувани од нивните баби“, додаде Рахим Арнаудов и потсети дека во рамките на проектот „Од двете страни на границата”,д-р Врабевски финансиски го поддржува сликарското студио во градот Битола, Северна Македонија, каде што се собираат деца од 25 земји да сликаат. Од 23 до 30 мај се подготвува и заминувањето на група од Бугарија.
„Го користам ефирот на Радио Благоевград да им се заблагодарам на сите мои колеги. Тие ја наполнија салата, што покажува дека патот по кој оди д-р Врабевски во односите со децата и колегите е вистинскиот пат“, сподели Рахим Арнаудов.
