Раја Назарјан: За нас, Бугарите, Трети март е денот на слободата
„За нас, Бугарите, Трети март е денот на слободата. Слободата што треба да ја цениме во секој миг, затоа што е извојувана со саможртвата на илјадници наши и странски херои, кои ги дадоа своите животи за да ја има денес нашата Бугарија“, изјави претседателката на Народното собрание Раја Назарјан по повод Националниот празник, јавува БГНЕС.
„Да бидеме нивни достојни наследници, да ги следиме нивните идеали и да го чуваме мирот за кој тие копнееја“, нагласи Назарјан.
„Да помниме дека овој мир не се постигнува дарум, тој е резултат на нашите заеднички напори и треба да се брани секој ден. Поклон пред светлата памет на хероите! Да живее Бугарија!“

