Андреј Ѓуров: Слободата е избор што мора да се брани секој ден
„Слободата е прашање што ни се поставува секој ден. И одлука што треба да се брани. Таа е избор – понекогаш неудобен. Избор да мислиме, да не молчиме, да не се плашиме од сопствената одговорност“, изјави бугарскиот премиер Андреј Ѓуров по повод Националниот празник на Република Бугарија.
„Најлесно е да прифатиме дека слободата е даденост. Најтешко е да признаеме дека таа зависи од нас. Секоја генерација има свое ослободување и свое искушение, наведува уште Ѓуров.
„На 3 март се сеќаваме на оние што сонувале да бидат слободни. Утре некој ќе се сеќава дали ние сме избрале да бидеме“, пишува уште Ѓуров.

