РАМКОВСКИ БАРА ПРАВДА ЗА А1: ИМА ЛИ ОСНОВ ПОВТОРУВАЊЕ НА СУДЕЊЕТО?

Барањето за повторување на постапката Рамковски го поднел до Основниот кривичен суд Скопје, од каде за „360 степени“ велат дека веќе е обезбедено мислење од обвинителството и дека случајот е на одлучување пред надлежен кривичен совет

loading...

Ноќта на 25 ноември 2010 година полицијата упадна на „Перо Наков“ 60, адресата на која се ноаѓаше А1 телевизија. Првичното објаснување е – асистираат во контрола за финансиски злоупотреби во фирмите на Велија Рамковски, иако во тоа време од денот работат само новинарите.
Полиција пред А1 телевизија

„Тие беа добро организирани настани од криминално-злосторничката организација која ја направи Груевски“, смета Рамковски.

Еден месец подоцна Рамковски е приведен, а потоа и речиси целото негово семејство и соработниците.

„Не очекуваваме во ниту еден момент дека ќе се апсат 23 лица. Дека ќе се оди на фамилии, дека ќе се оди на ќерка, на внуци, на син“, раскажува ќерката на Велија, Емел Рамковска.


loading...

Додека МВР и обвинителството го градат случајот „Пајажина“ против 23 управители и основачи на фирми на „Перо Наков“ 60, во јануари 2011 година е блокирана сметката на телевизијата. Новинарите отвораат студио пред Владата. Во јули згаснува фрекфенцијата, а со тоа и најголемата телевизија во земјава.

(Целиот материјал прочитајте го на 360 степени)