РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ЛЕКАРИ СО КОРНАВИРУС ВО ИТАЛИЈА

//

Според најновите податоци, во светот се забележани 381.761 случаи на коронавирус, 16.559 луѓе починале, а се излечиле 102.29.
Америка дојде на третото место според бројот на заразени, надминувајќи ги Шпанија, Германија и Иран. Во САД сега има 46.145 заразени со вирусот Ковид-19.

Италија има потврдени 63.927 случаи, а Кина 81.171 случај. Земјите кои во изминатите 24 часа имале најмногу мртви се Италија (602), Шпанија (462) и Франција (186).

Но, состојбата во Италија од вчера дава мала надеж. Бројот на починати во оваа земја, втор ден по ред опаѓа, објави првиот човек на италијанската Цивилна заштита.

Во италијанските болници сè повеќе расте бројот на заразени лекари. Во болницата„ Оглио По“ од 25 до 90 лекари се заразени со коронавирус, што го зголемува притисокот на здравствениот систем, кој и така е преоптоварен со пандемијата.



Извор: Макфакс



Претходна статија

ПОВИК ДО ФИРМИТЕ: СЕМЕЈСТВОТО АЗИРИ ШИЕ МАСКИ И ГИ ДОНИРА НА ПАЦИЕНТИ, ПОТРЕБНИ ИМ СЕ МАТЕРИЈАЛИ

Следна статија

ВО САМОИЗОЛАЦИЈА ОД КОВИД-19 ВО МАЛЕШЕВИЈАТА, 88 ЛИЦА

Најново од Вести