|

Рецензија на книгата „Денешните нации, новата историја на светот: Бугарија и Романија“ на Џон Бучан од проф. д-р Иван Георгов

ЏОН БУЧАН, Прв барон од Твидсмур (1875-1940) е британски државник и писател. Студирал на универзитетите во Глазгов и Оксфорд. Потоа завршил адвокатура и извршувал владини должности во Јужна Африка. Покасно служел во многу држави како представник на британската влада. Од 1935 г. бил назначен за Генерален гувернер на Канада. Од британската влада бил почестен со титулата лорд. Во 1923 г. ја издава книгата ДЕНЕШНИТЕ НАЦИИ, НОВАТА ИСТОРИЈА НА СВЕТОТ: БУГАРИЈА И РОМАНИЈА.

“Во Македонија селското население беше без сомнение Бугарско; тоа броеше речиси еден милион жители; но покрај тоа население беа представени во таа земја и сите други народности. Така по егејското крајбрежје и до извесно разстојание понавнатре во речиси главни градови, како и во села прснати по јужна Македонија имаше значително и пргаво грчко население. Сетне имаше Власи, кои беа главно жители на планински места или патувачки овчари; Албанци заземаа една опасна гранична ивица на запад и север; на југ от Стара Србија имаше србски села; најсетне идеа самите Турци, кои беа владини чиновници, собственици на земја и воени лица, главно живееја во градови, ама победниот сталеж понекогаш го споделуваше и некое село со своите христијански соседи.

Но што и да се каже за минатото, нема сомнение, дека во 1876 г., како и низ последните триесет години словенското население во Македонија се чувствуваше како Бугарско. Добро правило на Балканот е да се смета човек за таков, каков тој сам се чувствува, дека е, и пред се’ дека тој е од таква народност, за која што страдал да биде. А по физички белези, по облеклото, обичаи, карактер и јазик словенските селани се Бугари. Како Бугари тие востанаа против Турците во 1878, 1880 и 1903 г.; како Бугари грчките чети ги напаѓа во 1904 и во следните години; како Бугари младо-турците ги покровителствуваа и сетне ги прогонуваа од 1908 г. натаму.

Во првото десетилетие на дваесеттиот век центарот на Бугарската историска дејност премина од Бугарија во Македонија. Македонските Бугари не ги примија решенијата на Берлинскиот договор како конечни. Од почеток тие беа опфатени од очајание и сами се грижеа да се справат со положбата; но безнадеждните востанија во долината на Струма и во централна Македонија беа задушени со вообичаената суровост. Покрај тоа македонското население се врати кон старите начини на трпеливо подготвување така што го доверија запазувањето на народниот дух на црквите и училиштата. Во 1893 г. „Внатрешната организација“ почна да дејствува во Македонија. Таа беше создадена под раководството на двата добро образувани од Македонија — Дамјан Груев и Христо Татарчев. Не после долго, организацијата образува клонови во сите делови на земјата. Целта и’ беше поострување на дејноста на училиштата, да врши притисок врз Бугарската влада, да го предизвикува македонското прашање постојано пред великите сили, и во крај на краиштата да приготви една вооружена сила, способна сама или со туѓа помош да ја отстрани турската власт и да ја ослободи Македонија.

Целата организација се раководеше од Македонија. Секое Бугарско село во Македонија беше задолжено да достави определен број мажи и пушки; имаше тајно обучување и повеќе од здравите мажи служеа извесно време во некоја чета.

На почетокот на револуционата дејност македонците се бореа да бидат слободни како своите браќа во Бугарија и пројавуваа таква самопожртвувана храброст и преданост, како малцина што очекуваа од македонските селани.

Организацијата реши да предизвика обшто востание во Битолскиот вилает. Движењето беше предвремено осудено на неуспех, но македонскиот селанец тогаш беше така самоуверен, така опиен од духот на народнољубие и така очајно предан, дека се’ му се гледаше возможно. 70,000 души останаа без домови и избегаа во планините. Во Одринска Тракија стана едно слично движење, кое што беше задушено по истиот начин, како резултат на што 20,000 несреќници побараа прибежиште во Бугарија.

Младотурската револуција се прогласи во Солун, 1908 г. Турците стари и нови, Албанците, Грците, дури недоверливите Бугари, почувствуваа за кусо време, дека би можеле да живеат мирно како отомански поданици во еден свет управуван од слободен парламент и без шпиони, покварени чиновници или туѓо мешање. Но мирот во Македонија траеше само неколку седмици. Затварањето на националните клубови, прогонување на осомничените, населувањето на емигрантите (од Босна и Херцеговина) и други слични мерки беа оправдани од младотурските управници, но неподносливи за Бугарите, кои уште еден пат се готвеа за ослободителна борба.“

Рецензија на книгата: The Nations of To-day. A New History of the World, by John Buchan, Bulgaria and Romania, Иван Георгов од Велес

Слични Објави