|

Редици за бестселерот „Чернобил“

Пишува: Росен Тахов/Труд

За време на социјализмот имаше жед за книги. Луѓето чекаа ред за книги како за кока-кола после 9 септември. Највпечатливото нешто, на кое што сум бил сведок се случи во 1987 година. Тогаш во книжарниците се појави уникатно издание на поетот Венко Марковски.

Тој се овековечи со два генијални потези. Во регионален план, тој беше коавтор на македонската азбука и објави дека нашите роднини не се Бугари. Во интернационален план без странска помош ја воспеа нуклеарната несреќа во Чернобил.

Венко Марковски во втората половина на минатиот век ги освои сите можни титули, награди и почести. Академик, лауреат на Димитровска награда, добитник на орденот „Георги Димитров“. Марковски стана национален деец на културата, херој на социјалистичкиот труд, херој на НР Бугарија.

Во 1987 година поетот ја доби и книжевната награда „Иван Вазов“. На свеченоста критичарот Иван Балабанов го спореди со зимзелено иглолисно дрво: „Во алејата на нашата почит на бугарскиот и светски писател Иван Вазов ќе се засади уште еден бор кој ќе сведочи за патот на творецот, органски споен со борбите на партијата и народот…“

Во тоа време Венко Марковски живеел и работел во живеалиште за генијалци. Во Банкја на улица Ропотамо бр. 10, партијата изградила комплекс за извонредни таленти. Освен Венко, во луксузни вили со заеднички двор живееле и Георги Џагаров, Пантелеј Зарев, Сава Гановски и Петар Дјулгеров.

Надарените имаа слуги, обезбедување и транспорт. Тие беа ставени на посебен режим на исхрана бидејќи пред една година несреќата во Чернобил ја прошири радијацијата. Во овие услови, Марковски се покажа како класик од големината на Мајаковски. Додека неговите колеги жалеа за судбината на озраченото човештво, тој го зеде своето перо за да пее за трагедијата и величественоста на катастрофата. Неговата муза избувна со сила на нуклеарен реактор!

По многу несоници и креативни талкања се појави „Чернобил“. Тринаесет елегии во кои се слушаат стоновите на недозаклани говеда, тропаат полудиви свини, а се слуша и рев на коњи. Нуклеарниот облак талка како месечар. Борот на Венко во градината на Вазов е посипан со радиоактивна прашина. Лебот, саламата, колбасите и сланина не се погодни за јадење. Отруени се ракијата и виното. Не можете да направите салата бидејќи зеленчукот исто така е заразен.

Прв читател на ракописот бил Владимир Голев, рецензент на издавачката куќа „Бугарски писател“. Иако марксист, тој се крсти со разбирање на средината во која живеел:

Радиоактивните лъчи
са укрити в ритмен звук.
Виждащи невидими очи
в злъч облъчват всичко тук…

Голев пие јод во вид на апче против озрачувањето и продолжува:

И меса, и риби, и млека,
зеленчуци и храна,
сирене, салами и масла,
и ракии и вина.

Рецензентот го предава текстот на уредничката Надја Кехлибарева. Потоа ги мие рацете – три пати со сапун. Надја штотуку решила да оди на шопинг, но останува дома. Затоа што Венко ги посочил замките што демнат на тезгите:

Пушена сланина и меса,
бито-сирене и боб,
и чеснов, марули и масла,
мами нюх пазар-въртоп.

Во август елегиите се во печатницата. Ги работи ветеранот печатар Стамат Господинов. Страствен рибар, тој го заборава своето хоби оваа сезона. Информациите за водната фауна го спречуваат да стави мамец на јадиците.

С мъртви риби Днепър е покрит.
Черното море бесней.
Стар балкан шуми под звезден щит.
Чер е белият Егей.

Есента „Чернобил“ веќе беше во книжарниците. Никој не претпоставуваше каков бестселер го чека својот ѕвезден момент на полиците. Негов пронаоѓач е поетот Валери Калонкин. Пријателот Веселин Веселинов раскажува:

„Додека одев, налетав на расположениов Валери Калонкин, кој викна: „Дојди, да ти дадам нешто“ и ме одведе во книжарницата на Сојузот на бугарските писатели. Тоа беше нова книжарница во тие години, на аголот на „Солунска“ и „Ангел К’нчев“, а не ми беше баш јасно зошто на СБП и требаше книжарница, бидејќи имаа кафана, токму таму, во „белата уредна куќарка“, но здравје“.

Во тоа време Калонкин преживуваше како „момче за се“ во синдикатот. „Тој ден – прецизира Весо – беше излезен од полето на својата дејност и се занимаваше со просветлување: каде што ќе му паднеше око некој познаник, го влечеше до книжарницата да му го даде новоиздаденото дело на Венко Марковски. За да го скрши инаетот и скептицизам на познаниците, лукаво велел: „Ќе се прснете од смеење“, влечејќи ги за ракав во книжарницата додека биле се уште се збунети им ја купувал малата стихозбирка на тема „Чернобил“.

Воопшто не е смешно бидејќи станувало збор за планетарна катастрофа. Како денешниот коронавирус. Шегувањето со несреќата е забрането уште од библиско време!

За елегиите научив од татко ми Георги Тахов. Се сретнавме на плоштадот Славејков, некогашниот култен центар на книгата. Тој го извади „Чернобил“ и го прелистуваше. „Види, види каква апокалипса“, рече тој инспирирано и почна да рецитира:

Вие с вой добитък недоклан.
Полудели са свине.
Минал е пустинен ураган.
Цвилят и реват коне.

Потоа ја посочи поентата на поетскиот корпус, кој треба да влезе во учебниците за фина литература:

В Чернобил белее саркофаг
на реактор с мирна цел.
Смел реактор под съветски флаг
за науката умрел…

„Не можам да ти дадам примерок, бидејќи имам само еден – се извини татко ми. – Го добив со врски од „Дистрибуција на книги“. Пред книжарниците има редици. Некаде прават списоци. Дури имало немири!”

Поминав низ главниот град за да ја видам ситуацијата. Насекаде гужви. На „Граф Игнатиев“, по „Толбухин“, редиците за книгата се спуштаа дури до „каналот“. Сепак, немаше немири. Луѓето кротко го чекаа „Чернобил“, сакаа да знаат што ги снашло.
Книгата била тиражирана само во 3112 примероци. Во пазарна економија би испечатиле уште најмалку 300.000. Со што ќе имаше пари во буџетот и ќе се згаснеше жедта на Бугаринот за духовно уживање. Инаку, цената беше сосема пристојна – 47 стотинки, колку, што чинеше и една кока-кола.

Денес, чернобилските елегии на Венко Марковски се повеќе од библиографска реткост. Тие дури и не можат да се најдат ни на интернет.

Слични Објави