|

(Видео) „Заедно за Гоце“

Погледнете го видеото од чествувањето на 152-та годишнина од раѓањето на најголемиот син на поробена Македонија Гоце Делчев. Настанот се одржа во двa дела вчера во Софија во организација на Меѓународната фондација за културен натпревар меѓу народите „Гоце Делчев“ со претседател маестро Христо Христов, правнук на најмалиот брат на Гоце Делчев-Христо Делчев.

Во 11 часот во салата „Бончо Бочев“ во Дворецот на децата во Софија детскиот хор „Бодра смена“ одржа концерт, а беше одржано и утринско матине на тема „Помнете го Гоце“ со учеството на познатата бугарска новинарка Милена Милотинова, поетесата Елисавета Шапкарева, , маестро Христо Христов и креаторите на поткастот „Коридор 8“ д-р Георги Станков и Атанас Величков.

Во 14 часот пред бистата на Гоце Делчев беа положени венци и свежо цвеќе од политичари, јавни личности, почитувачи на ликот и делото на големиот бугарски револуционер од Македонија.

Слични Објави