РЕЏЕПИ НЕ ГО „ЕСАПИ“ ОБВИНИТЕСТВОТО ЗА ГОВОРОТ НА ОМРАЗА

Првиот човек на Исламската верска заедница (ИВЗ) повторно не се појави во Јавното обвинителство за да даде исказ за говорот на омраза кон Македонците, но и кон судијката што го одобри неговото разрешување од функцијата поглавар на ИВЗ, јавува „Порталб“, пренесува Мета

Причината за неговото непојавување била лошата здравствена состојба на адвокатот на Реџепи, кој преку телефон побарал одложување на распитот.

Претходно Реџепи не одговори на првата покана да даде исказ за говорот на омраза и преку адвокатот порача дека не може да присуствува поради религиозни причини, односно поради рамазанскиот пост.

Реисот во говор во скопското село Арнакија, на почетокот на возобновувањето на џамија на 14 март, Македонците ги нарече „диви животни“, стои во написот објавен од Мета.