ШТО НАЈМНОГУ ГИ ОДБИВА МАЖИТЕ ОД ЖЕНИТЕ?

Во љубовта, секој го бара својот идеален партнер. Кај сите нас „барањата“ се различни. На некои му е важен изгледот, на некои карактерот, но сепак на крајот сѐ се сведува што очекуваме од врската. Иако сепак на почеток сѐ почнува со мислата што нас ни треба, дали некогаш сме се запрашале што ние можеме да понудиме?

Погледнете кои работи делуваат иритирачки на мажите и освен силниот и интригантен парфем, видете што не треба да правите ако барате сериозна врска.

Не се депилирате и личната хигиена ви е на многу ниско ниво
Особено на почетокот на врската, никој маж не би сакал да има до себе партнерка која не обрнува внимание на редовното отстранување на влакната, особено ако тој се грижи лично за себе во оваа насока. За многу мажи ова укажува на „сиромашна“ лична хигиена. Истото важи и за чиста коса и пријатен мирис на вашето тело.

Премногу шминка
Претставниците на посилниот пол, претпочитаат да запознаат жени кои изгледаат поприродно а шминката ги нагласува само нивните убави црти. Премногу шминка, понекогаш дејствува измамливо, па дури и може да го направи изгледот поинаков.

Постојано жалење
Улогата на жртвата, која постојано мрмори и се жали од животот е одбивна за мажите. Иако мажите сакаат да бидат водачи, спасувачи, херои, тие би сакале нивната партнерка да биде силна личност. Тоа не значи дека не треба да ги споделите вашите стравови, да побарате помош, но постојаното секирање дури за незначителни работи, додека не преземете дејствија кои ќе ја подобрат ситуацијата, дејствува како оптоварување.

Не можете да го контролирате консумирањето на алкохол
Сакате да се забавувате, да пиете коктел по коктел … и тој исто така консумира алкохол. Ретко кој маж би сакал неговата партнерка да го надминува во пиењето…

Претерувате со цигарите
Дури и ако вашиот партнер пуши, од пушач до пушач постои разлика. Некои мажи го сакаат мирисот од цигарата, додека други не. Посебно им смета ако косата и облеката на нивната партнерка мириса. Ако сте во врска со непушач, ова дефинитивно ќе ви предизвика проблем.

Вие делувате материјалистички настроена
Дарежливоста на мажот е состојба на умот. Не е важно дали мажот има можности или е ограничен со финансиите, ако му доаѓа одвнатре да прави изненадувања на партнерката, тоа ќе го направи доброволно. Но, двата типа на мажи не би сакале да имаат материјалист со нив.

Груб, вулгарен јазик
Жената мора да биде тактична со благороден став, говор исполнет со елеганција и да зрачи со доверба. Затоа е важно да се биде внимателна со говорот. Не постои маж кој не е импресиониран од дама со богат вокабулар и интелегентен говор. Разговорите се убави со неа.

Се однесувате како дете
Веројатно, во секоја врска, партнерите едни со други се нарекуваат со слатки и љубовни прекари. Но „лигавењето“, однесувањето кое потсетува на разгалено дете, дефинитивно делува иритирачки и е одбивно на спротивниот пол.