|

Ристовски: Направивме огромен резултат

Македонија вчера ја совлада Црна Гора со 29:28 во второто коло во групата Ц и се промовира како сигурен патник во главната фаза на 13. Европско првенство во ракомет во Хрватска.

И синоќешните два бода беа осигурани во неизвесна завршница како против Словенија за многу помотно дочекување на последниот настап во „Загрепска арена“ во среда од 18,15 часот против Германија. Во случај на триумф, тогаш составот на Раул Гонзалез ќе се пресели во Вараждин со четири бода и максимален ефект по првиот круг што и нема да чуди ако се има предвид тешко изборениот бод на Германците против Словенија (25:25).

Филип Миркуловски иако повреден беше ставен во игра на синоќешниот дуел со Црна Гора некаде на средината на првото полувреме и со неговото влегување Македонија заигра подобро и ја анулира предноста на противникот која на моменти изнесуваше три погодока.

Централниот бек е задоволен од прикажаното во досегашниот дел од шампионатот и најави игра на победа и против Германија.

– Знаевме дека ќе биде тешко со Црна Гора, иако многумина предвреме ни ги доделија бодовите. Честитки за Филип Лазаров кој на двата дуела ги постигна клучните голови. Неодамна реков дека дуелот со Германија може да биде за прво место во групата. Ние пренесуваме најмалку два бода во следната фаза. Со Германија одиме на победа и на прво место, истакна Миркуловски.  (Прочитајте го целиот напис овде)

Слични Објави