Рочиштето за „Поткуп“ одложено за 26 март
Снимките од ПИ мерки за случајот „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот Зоран Заев, ќе бидат гледани заедно со одбраната на 26 март, бидејќи на денешното рочиште нема услови за тоа.
Судот одлучи да го прифати предлогот на адвокатите на премиерот Зоран Заев јавноста да присуствува на гледањето на снимките како доказ, бидејќи според нив снимките кои беа објавени на „Јутјуб“ биле нецелосни.
Обвинителите од OЈО се против ова барање. Обвинителката од OЈО Валентина Бислимовска кажа дека станува збор за класифицирани материјали, што се декласифицирани само за судењето.
Сведокот Иван Николов Сачевалиев не присуствуваше на рочиштето.

