|

РОМАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЌЕ ГЛАСА ЗА ДОВЕРБА НА ВЛАДАТА

На неколку дена пред претседателските избори, закажани за 10 и 24 ноември, романскиот парламент денеска треба да гласа за доверба на Владата на премиерот Лудовик Орбан. Владата на социјалдемократите на Виорика Данчила падна минатиот месец, откако ѝ беше изгласана недоверба во парламентот.

По паѓањето на владата, романскиот претседател Клаус Јоханис го номинира Орбан за премиер за да формира влада. Но, Орбан заедно со кабинетот, сега треба да се соочи со гласање доверба во парламентот, пред да стапи на должност.

Слични Објави