РУСИЈА И УКРАИНА ДОГОВОРИЈА ЦЕЛОСЕН ПРЕКИН НА ОГНОТ

Рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Володомир Зеленски во Париз се договорија до крајот на годинава целосно да го спроведат сеопфатниот договор за прекин на огнот во источна Украина.

На состанокот во рамките на Нормандиската четворка, која ја сочинуваат Русија, Франција, Германија и Украина, тие се договорија да ги ослободат и разменат сите затвореници кои се поврзани со конфликтот, исто така, до крајот на 2019 година.

Тие се договорија и до крајот на март 2020 година да ги распуштат воените сили во три области на Украина.

Пет и полгодишната војна помеѓу Украина и бунтовниците поддржани од Русија однесоа 13.000 животи.