| |

РУСИЈА МОЖЕ ДА ИМ ГО ИСКЛУЧИ ИНТЕРНЕТОТ НА СВОИТЕ ЖИТЕЛИ

Руската федерација има овластување да се исклучи од глобалната интернет-мрежа откако стапи на сила законот кој го потпиша рускиот претседател Владимир Путин. Руската влада сака да направи инфраструктура за суверен интернет, што според нив е неопходно за одбрана од хакерски напади од странство.

Критичарите сметаат дека оваа регулатива е чекор напред кон уште поголема цензура. Според експертите, ова е прв пат државата да има целосна техничка контрола над интернетот. Рускиот интернет-сообраќај ќе биде насочен преку мрежни уреди внатре во државата и таа инфраструктура допрва треба да биде изградена.

Провајдерите на интернет мора да ја инсталираат неопходната опрема за спроведување на промените. Од руската влада нагласуваат дека Русија не планира да се исклучи од интернетот, туку се подготвува за случај Западот да го направи тоа.



Слични Објави