РУСИЈА ПОЧНУВА СО ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД 19 ВО ОКТОМВРИ

Во октомври Русија планира да отпочне со масовно вакцинирање против Ковид 19. Информацијата ја потврди министерот за здравство Михаил Мурашко. Вакцината со која ќе се спроведе ова масовно вакцинирање клинички е тестирана од институтот Гамалаја и се вршат финалните подготовки за да се регистрира. Први ќе се вакцинираат лекарите и наставниците. Ројтерс информираше дека првата потенцијална вакцина на Русија ќе биде одобрена од локалното регулаторно тело во август.