Рускиот Врховен суд ја потврди одлуката на Изборната комисија- Навални не може да биде кандидат за председател

Рускиот Врховен суд не ја прифати жалбата на Алексеј Навални против одлуката на руската Изборна комисија и не го допушти до учество во претседателските избори во земјата, кои ќе се одржат на 18 март, јави ТАСС. Навални беше суспендиран поради условна казна во случајот Кировлес.
“Навали, А.А. е осуден по член 160 став 4 од Кривичниот законик на Руската Федерација на 5 години затвор и парична казна во износ од 500 000 рубли, и поради таа причина не може да се јави како кандодат на претседателските избори “, гласи официјалното соопштение на Изборната комисија.
Самиот Навални не се појави во судот, а неговиот адвокат најави дека ќе поднесе жалба до поширок состав на рускиот Врховен суд и пред рускиот Уставен суд. Потсетуваме дека Навални веќе ги повика руските државјани да ги бојкотираат изборите, откако ЦИК излезе со горенаведената одлука.