РУСКОВСКА ДАЛА ИСКАЗ ПРЕД РИСТОВСКА ЗА БЕГСТВОТО НА МИЈАЛКОВ

//

Обвинителката за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, пред два дена дала исказ за случајот со бегството на поранешниот директорот на УБК, Сашо Мијалков. Русковска информацијата ја соопшти денеска во емисијата „Стадион“ на Канал 77, пренесува Плусинфо.

„Jaс знам дека колешката Ленче Ристовска ја води истрагата за бегството на Сашо Мијалков и во четвртокот земаше исказ и од мене и од истражителите кои го лишија од слобода Сашо Мијалков. Така да за повеќе информации во врска со тоа ќе треба да се обратите кај нејзе“, вели Русковска.



Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: ЗАЕВ ВЕДНАШ ДА ГО СТОПИРА ПОПИСОТ ТАКА ЌЕ СТОПИРА СМРТ НА 2400 ЛУЃЕ ПОРАДИ КОВИД

Следна статија

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА МОДУЛАРНАТА КОВИД БОЛНИЦА ВО КОЧАНИ

Најново од Вести