|

РУСКОВСКА: НЕ СМЕ СИГУРНИ ДЕКА МИЈАЛКОВ ЈА НАПУШТИЛ ДРЖАВАТА

Обвинителката Вилма Рускоска во гостувањето во емисијата „360 степени“ на Алсат ТВ изјави дека не се сигурни дека Сашо Мијалков ја напуштил државата.

-Би требало да се најде човекот што се бара, тоа во секој случај на сите би ни било драго, но сепак кажувам дека не сме сигурни дека истиот ја напуштил државата“, вели Русковска.

Вчера се појавија и такви информации дека обвинителството смета дека Мијалков можеби ја напуштил државата. Инаку, на екс директорот на УБК му се губи секаква трага во саботата во попладневните часови откако полицијата добила решение за куќен притвор кое требало да му го достават, но сепак не успеале да го најадат. За Мијалков распишана е и меѓународна потерница. На 26 февруари треба да биде изречена пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“, за масовното нелегално прислушување, во кој Мијалков е првообвинет и му се закануваше затворска казна. Обвинителството за Мијалков побара максимална казна затвор.

Извор: Зум.мк

Слични Објави