Руте: Украина може да добие безбедносни гаранции слични на членот 5 од НАТО пактот
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Украина би можела да добие гаранции за својата безбедност кои ќе бидат споредливи со принципот на колективна одбрана предвиден во Северноатлантскиот пакт, јавува БНР.
„Она што го разгледуваме сега не е членство на Украина во НАТО, туку безбедносни гаранции по примерот на членoт 5,“ изјави Руте за американскиот канал „Фокс њуз“.
Тој не ја исклучи можноста за распоредување на западни војници на украинска територија, и покрај најновото предупредување од руското министерство за надворешни работи.
„Ова прашање ќе биде дел од дискусиите што допрва започнуваат. Сите сме согласни дека ако оваа војна завршува, не може да се враќаме на Минските договори од 2014 година, кои беа оспорени од Русите во следните години. Мора да биде јасно дека Русија никогаш, никогаш, никогаш повеќе нема да се обиде да присвои ниту еден квадратен километар од Украина,“ порача генералниот секретар на НАТО.
