САД НУДАТ 15 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА АПСЕЊЕТО НА НИКОЛАС МАДУРО

САД го обвинија претседателот на Венецуела, Николас Мадуро за нарко-тероризам.

Американските власти нудат 15 милиони долари за информации што би можеле да доведат до негово апсење, јавува Би-би-си.

Оваа одлука ја објави државниот правобранител, Вилијам Бар.

Покрај Мадуро, тие обвинија и други високи функционери во владата на Венецуела и нудат награда за нивно апсење.

САД го поддржуваат Хуан Гваидо, кој се прогласи за претседател минатата година.

„Луѓето од Венецуела заслужуваат транспарентна, одговорна и репрезентативна влада што му служи на својот народ и не се меша во трговијата со дрога“, соопшти американскиот Стејт департмент.

„Овие лица ја нарушија довербата на јавноста кога помагале при испорака на наркотици од Венецуела, вклучително и авиони кои полетувале од базите во Венецуела“, се додава во соопштението/Макфакс.