| |

Самохраните родители со ниски примања нема да плаќаат за градинка

Сите самохрани родители кои имаат плата и месечни приходи во износ до минималната плата утврдена со Закон од денеска ќе бидат ослободени од плаќање партиципација за сместување дете во јавна градинка, информира Министерството за труд и социјална политика.

Тоа, како што појаснуваат, е овозможено со измени на Правилникот за условите, критериумите и начинот на остварување на правото на партиципација во трошоците за згрижување, воспитување, одмор и рекреација на деца во јавните установи за деца, што се објавени денеска во Службен весник на РМ.

За остварување на правото на партиципација јавните градинки и сите самохрани родители кои ги исполнуваат законските услови треба да поднесат барање со потребната докуменетација наведена  во Правилникот, до јавната установа за деца во која престојува односно е згрижено детето.

Во соопштението од МТСП се посочува дека измените се донесени согласно заложбите за поддршка на самохраните родители содржани во Програмата за работа на Владата.

 



Слични Објави