Сашко Николов: Здрава, чиста и зелена околина е должност на секој еден!

/

„Со максимална поддршка и со заеднички сили со ЈП Исар, како и со помош од нашите пријатели од градежните претпријатија, во брза акција успеавме да ја исчистиме депонијата во Штип!
Но, не застануваме тука – завршен е тендерот за обезбедување на депонијата и започнуваме со оградување! Ќе се воспостави строга контрола за влез и излез од местото!
Драги мои штипјани, овие лоши искуства кончено е време да ги оставиме зад нас. Секој еден од нас треба да биде свесен за својата одговорност како треба заеднички да ја чуваме нашата околина во која живеат и растата нашите деца.
Ова денеска е позитивен пример како треба да биде и верувам дека токму ние, ќе покажеме како треба да изгледа една депонија, зошто знам и уверен сум дека нашите граѓани ќе покажат висока општествена одговорност и одложувањето на отпадот ќе го вршат на место кое е плански предвидено.
Ова не е седумдневна акција, ова е начин на функционирање на Општина Штип.
Апелирам до нашите граѓани да ги почитуваат законите и мерките, да си ја почитуваме животната средина. Бидејќи ако ние самите не си ги почитуваме законите кои сами ги бараме тогаш нема да имаме чиста околина, нема да имаме уредена депонија и ќе живееме во загаден и хаотичен град.
Јас сакам Штип да биде зелен град, дигитално паметен град, да биде модерен европски град и во тоа ќе успееме“, напиша на својата официјална facebook страна Сашко Николов, градоначалник на Штип.



Претходна статија

Неопходна е грижа за психичката состојба при бременоста

Следна статија

Скопје, Белград и Загреб испаднаа од трката за Зелена престолнина на Европа-Софија е во финалето

Најново од Вести